Словенечкото МНР изрази благодарност за поддршката на македонското МНР кон нивната земја

Министерство за надворешни и европски работи на Република Словенија преку објава на Твитер изрази благодарност за поддршката на македонското МНР кон Словенија изразена преку 100-те македонски војници кои ќе заминат како помош во справување со последиците од големите поплави.

„Вашите љубезни мисли и вистинската помош никогаш нема да бидат заборавени“ – стои во објавата.