Словенечкиот премиер Голоб по убиството во Ново Место: „Напаѓачот е производ на системот – убил од дрскост и суровост“

„Овој 21-годишен напаѓач не станал таков преку ноќ. Тој е производ на системот кој не функционирал – систем кој го одгледал во човек што од чиста безобѕирност уби сограѓанин. За да ги промениме таквите луѓе, ќе ни треба цела генерација“, изјави Голоб.

По убиството на 48-годишен маж во Ново Место, кое го извршил припадник на ромската заедница, словенечкиот премиер Роберт Голоб најави заострување на казнената политика и серија репресивни мерки за зголемување на безбедноста.

Во обраќање на државната телевизија и на POP TV, Голоб изјави дека државата мора да реагира „трезвено, но одлучно“, предупредувајќи дека не смее да се поттикнува омраза ниту вооружување на граѓаните.

„Луѓето денес навистина се плашат. Тоа го почувствував и во Ново Место,“ рече премиерот, најавувајќи двојно поголема полициска присутност во регионот, вклучително и специјални единици.

Најави дека сите институции – полицијата, обвинителството и судството – ќе добијат поголеми овластувања, а новите мерки нема да бидат „популарни“, но ќе бидат неопходни за воспоставување ред.

Во вторник, во Ново Место ќе се одржи седница на општинскиот совет со присуство на владата, обвинителството и судството, каде што ќе бидат претставени законските измени.

Голоб потенцираше дека заострувањето не се однесува само на Ромите, туку на сите насилници.

„Овој 21-годишен напаѓач не станал таков преку ноќ. Тој е производ на системот кој не функционирал – систем кој го одгледал во човек што од чиста безобѕирност уби сограѓанин. За да ги промениме таквите луѓе, ќе ни треба цела генерација“, изјави Голоб.