Слика на Пикасо вчера продадена за 140 милиони долари

Ремек-делото на Пабло Пикасо од 1932 година, Жена со часовник, вчера беше продадено за речиси 140 милиони долари на аукција во Њујорк.

Тоа е второто најскапо дело на Пикасо продадено на аукција, достигнувајќи цена од 139,4 милиони долари, објави аукциската куќа Сотби.

Во 2015 година, „Жените од Алжир“ на Пикасо била продадена за 179 милиони долари.

Сотби соопшти дека сликата од 1932 година, портрет на неговата љубовница Мари-Терес Валтер, била купена од колекционерката Емили Фишер Ландау во 1968 година.

Со години седела над каминот во нејзиниот стан во Њујорк, а сега сè уште не е откриено кој ја купил сликата.

Покрај Пикасо, на дводневната аукција пред традиционалната есенска распродажба следната недела ќе бидат продадени уште околу 120 други дела.

Кон крајот на 1960-тите, по кражбата на накит, Ландау добила голема сума од осигурување и почнала да купува уметнички дела. Ландау низ годините успеала да стане сопственичка на една од најважните светски збирки на модерна уметност, вклучувајќи дела од Џорџија О’Киф, Агнес Мартин, Кит Харинг, Роберт Раушенберг, Сај Твомбли и Роберт Мепплторп.

Извесно време, Ландау водела и музеј во областа Квинс во Њујорк. Таа починала во март на 102-годишна возраст.