Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени

До крајот на денот сончево и топло со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ индексот изнесува 9.

Во Скопје претежно сончево, топло и тивко. Температурата до 37 степени.

– Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР.