Француско-швајцарскиот режисер Жан-Лик Годар, таткото на „Новиот бран“, почина денеска на 92 години со асистирано самоубиство, потврди советник на семејството.
„Годар прибегна кон потпомогнато доброволно заминување кое е легално во Швајцарија, после „повеќе инвалидни патологии“ според наводите од медицинскиот извештај“, изјави советникот на семејството Патрик Жанре, потврдувајќи ја информацијата објавена во весникот Либерасион.
Годар беше најзначајниот претставник на францускиот „Нов бран“. Со филмовите „До последен здив“ (1959) и „Презир“ (1963) направи револуција во филмската историја. Тој ги режираше и филмовите „Да го живееш својот живот“, „Необична банда“, „Лудиот Пјеро“, „Алфавил“, „Машки род – женски род“ и „Филм социјализам“.
Потпомогнатото самоубиство е дозволено во Швајцарија под одредени услови.