Познатата оскаровка Хилари Свонк се породила на 48 години и станала мајка на близнаци! Конечно одлучила да ја стави кариерата во втор план и да му се посвети на семејството
Оскаровката Хилари Свонк (48) со прекрасна фотографија открила дека родила близнаци! Сите следбеници на социјалните мрежи ги разнежнила со прекрасната глетка: ги држела новороденчињата во прегратка додека гледала во зајдисонцето, истакнувајќи дека на среќата ѝ нема крај.
„Не беше лесно. Но тоа се моето момче и моето девојче! Вредеше! Честит Велигден! Објава од вистински рај“, напишала новата мајка.
Нејзината емотивна порака воодушевила и бројни познати личности, па Шерон Стоун ѝ порачала:
„Бог да те благослови, душо, ова е најнеобичното патување што постои! Многу сум среќна за сите вас.“
Славната актерка уште во октомври откри дека е бремена, а потоа ги изненади обожавателите кога дозна дека ќе добие близнаци.
Таткото и претприемач Филип Шнајдер (45) не крие колку е горд на Хилари, нагласувајќи дека не можела да му подари поубав подарок во животот.
Хилари и Филип се венчале во 2018 година, а според странските медиуми, се запознале на состанок на слепо во ноември во 2016 година и тоа пет месеца откако актерката ја прекинала својата тримесечна свршувачка со поранешниот тенисер Рубен Торес.
View this post on Instagram