Славески вели дека има капацитет за собирање омраза, Најчевска му враќа дека бил дебелокожец – носорог

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески вели дека во последниот период е мета на говор на омраза. Според него, како што вели, „доколку претендирате сите да ве сакаат, треба да продавате квалитетен сладолед по многу ниска цена“.

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески вели дека во последниот период е мета на говор на омраза. Според него, како што вели, „доколку претендирате сите да ве сакаат, треба да продавате квалитетен сладолед по многу ниска цена“.

„Со мојот претходен пост од саботата (14 јуни) наутро укажав на ова. Само личности со доволна храброст, личен интегритет и висок КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА можат да спроведат вистински реформи кои на среден и долг рок ќе го подобрат животот на граѓаните. За само триесетина часа по објавата, постот надмина 30.000 (триесет илјади прегледи). Од околу педесетина коментари, триесетина беа со навредлива и вулгарна содржина. Ги разбирам анонимните коментатори, мора да си имаат некаква мака! Очекував многу повеќе негативни коментари. Сигурно ги има, се разлеале низ социјалните мрежи. Но, само триесетина навредливи коментари, полни со омраза?! Ве уверувам дека мојот КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА е најмалку стотина пати повисок од тоа“, истакнува Славески на социјалните мрежи.

Тој притоа сподели примери од ризикот од спроведување непопуларни потези, кои за не така долго се покажале за исправни и најголемите противници ја прифатиле реалноста.

Посочува дека нема да застане со мерки и реформи во служба на јавниот интерес.

„Можеби кај некои ќе предизвикам омраза, но искуството ме научило дека без висок КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА не може да се спроведе ниту една посуштинска реформа“, порачува Славески.

Најчевска за новиот гувернер: Ги мразам ликовите како Трајко Славевски кои од позиција на моќ газат се пред себе

Граѓанската активистка, проф. Мирјана Најчевска по денешната објава на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески дека е цел на говор на омраза на социјалните мрежи својот став го искажа на социјалната мрежа Фејсбук.

„Секој кретен на висок функција има неверојатна моќ за апсорбирање омраза. Без тоа нема да може да лаже и краде во неверојатен обем. Тоа во народот се вика дебелокожец. Трајко е во ова на ниво на носорог. Тој ги убедува луѓето дека да бидеш роб е највисоко достигнување на современата демократија и око не му трепнува при тоа. Да, јас ги мразам ликовите како Трајко Славевски кои од позиција на моќ газат се пред себе“, порача Најчевска.