
Благо намалување на бројот на претставки за 20 отсто бележи Извештајот за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година во однос на 2023-та.
Зголемен е бројот на претставки во однос на националната или етничка припадност, зад што најчесто стои политичко уверување. Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но исклучително покачен е бројот на претставки во областа на членувањето во синдикалното организирање.
Согласно Извештајот, загрижува тоа што скоро 80 отсто од утврдените дискриминатори се државни институции, органи на управата, општини и претпријатија кои вршат јавни овластувања.
-Доставени беа 405 претставки во 2024 година што е за 116 помалку од 2023-та. Речиси идентичен е бројот на мажи и жени што поднесуваат претставки и расте процентот на луѓе кои лично се обраќаат до нас, изјави Игор Јадровски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација пред презентацијата на Извештајот.
Според него, граѓаните се уште не се охрабрени да пријават дискриминација врз основа на политичко уверување.
На презентацијата на Извештајот присуствуваат претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Собранието Африм Гаши.