Скопје утрово најзагаден град во Европа, шести во светот

Утрово Скопје се најде на првото место на загадени градови во Европа, според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загадување изнесува високи 178.

Утрово Скопје се најде на првото место на загадени градови во Европа, според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загадување изнесува високи 178.

На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Акра, Дака, Кабул, а потоа е Скопје.

Од европските градови во листата на топ десет најзагадени градови, нема ниту еден. Следна е Приштина која е на 27-мо место во светски рамки со индекс на загадување од 111.

Според Светска банка, загадениот воздух годишно убива околу 2 800 граѓани на земјава, а жителите на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични ПМ 2,5 честички, во споредба со граѓаните во земјите од Западна Европа.

Со почетокот на грејната сезона енормното присуство на ПМ честички во воздухот се чувствува не само во главниот град, туку и во речиси сите градови во внатрешноста. Опасноста од загаден воздух демне и во затворените простории речиси на исто ниво како и на отворено. Најголеми загадувачи во текот на зимата и понатаму се согорувањето на дрвата, минералната прашина, којашто е поврзана со градежжништво и ресуспензија на прашина од улиците, согорувањето на отпад, како и согорувањето на нафта и мазут што најчесто се користи за загревање на јавните институции.