Скопје утрово е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот

Индексот на загаденост изнесува 166, што го става градот во категоријата на високо загадени средини, опасни за здравјето на граѓаните.

Скопје утрово е најзагаден град во Европа и 11 во светот според податоците од „IQAir“, специјализирана платформа за мерење на квалитетот на воздухот. Индексот на загаденост изнесува 166, што го става градот во категоријата на високо загадени средини, опасни за здравјето на граѓаните.

На глобално ниво, најзагаден град е Делхи во Индија, а по него следуваат Лахор, Вухан, Карачи и други градови. Скопје е на 11-тото место, единствен европски град меѓу најзагадените во светот.

Главниот град постојано е во првите десет градови по загаденост на амбиенталниот воздух во светот според последните податоци на платформата „Ај-кју-ер“.

Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките, чија концентрација е во просек околу 60 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 73,2 микрограми на кубен метар.