Скопје осамна со изменет графит – „Бугари во устав“
Прво стоеше „Бугари во устав е предавство“. Напишан во април годинава. Од денеска изутрина не е така. На огромниот графит на ѕидот на кејот на Вардар во Скопје, веднаш до Камениот мост, пребоени се зборовите „е предавство“ и место нив е насликано бугарското знаме. Сега пораката на десната страна на кејот е „Бугари во устав“.

Полицијата молчеше пролетоска, а молчи и денес. Барем засега. Целиот овој дел околу главниот скопски плоштад е покриен со безбедносни камери. Во тој дел се движат многу граѓани. Никој не пријави за пишувањето на графитот во април, за кој е потребно многу време за да се наслика.
Дали безбедносните камери ги снимиле оние кои која пребојадисале пораката, не знаеме. Можеби Банкси доѓол тајно во во некаква загадочна мисија во Скопје. Но актот доаѓа во многу комплицирано време во македонско-бугарските односи. И може да предизвика дополнителни реперкусии.
Очигледно, тоа е некаква „герилска акција“. Но од кои актери и во чие име е многу тешко да се нагаѓа. МВР треба да излезе со факти за тоа кој го направил ова пресликување за да не почнат да растат сомнежите дека тоа е направено со премолчена помош на властите, па дури и дека полицијата го овозможила тоа. Затоа што и при цртањето на оригиналниот графит и за пребојувањето под закрилата ноќта е потребно многу време. Но, ете, „бугарскиот диктат“ дошол и на кејот на Вардар во времето кога новата влада жестоко го отфрла.
Извор: Независен