Скопје пак е на петтото место на листата на најзагадени градови во светот. Со индекс на загаденост од 185 македонската метропола е веднаш по Мумбаи, Делхи, Уланбатар и Лахор.
Жителите на главниот град изутринава се разбудија обвиткани во густ смог, а ситуацијата не е ништо подобра ниту во градовите во внатрешноста каде изминативе денови се чувствува чад во воздухот и се потешко се дише.
Граѓаните се советуваат да ги затвораат прозорците и што помалку време да поминуваат на отворено. Спасот од загадувањето многумина повторно го побараа во носењето заштитни маски на отворено.
Скопје води „мртва трка“ со Сараево во Босна и Херцеговина, каде индексот на загаденост денеска е 177.
Подолу на листата се градови во Кина, Ирак и Монголија, но и Белград во Србија и Софија во Бугарија.