
Платформата „Нумбео“ секоја година прави индекс за квалитетот на животот во градови на сите континент. Некогаш тоа го прави и неколку пати годишно.
Според индексот за 2025 година Скопје се наоѓа на 222. место од 263 за кои се правени споредбени анализи. Што значи во долниот ред на ранг листата.
Во првите десет места има пет града од Холандија, три од Швајцарија, еден од Луксембург и еден од Данска.
Ранг листата изгледа вака: 1. Хаг (Холандија); 2. Гронинген (Холандија; 3. Луксмебург (Луксембург); 4. Ајндховен (Холандија); 5. Базел (Швајцарија); 6. Берн (Швајцарија); 7. Утрехт (Холандија); 8. Ротердам (Холандија); 9. Лозана (Швајцарија) и 10. Копенхаген (Данска).
Квалитетот на живот се мери според неколку показатели. За загадувањето Скопје е во врвот, а за здравствените услуги при дното.
Од регионот полоши услови за живот има само во Тирана. Албанскиот главен град е на 240. место.