Скопје десетти град во светот според загаденост на воздухот

Со индекс на загаденост од 173 Скопје утрово е уште меѓу десетте најзагадени поголеми градови во светот.

Во текот на ноќта Скопје беше и на четвртото место.

Меѓу првите 10 градови ниеден не е од Европа.

За разлика од претходните денови кога позагадени беа источните населби, како Аеродром и Гази Баба, утрово позагадени се западните населби во Скопје, особено општината Карпош.