Прекумерната загаденост на воздухот којашто синоќа беше забeлежана на скопското подрачје утринава е намалена, покажуваат податоците од мерните инструменти на интернационална веб-страница IQAir.
Македонската метропола во 8 часот утринава беше рангирана на 29-мо место според степенот на загаденоста на воздухот на листата на најзагадени градови во светот. Индекс на загадувањето е 125, а што значи дека воздухот е нездрав за одредени сензитивни групи на населението.
Најприсутни се отровните честички ПМ2,5. Најзагаден град во светот утрово е Акра, Гана со индексот 345.
Инаку, синоќа Скопје беше меѓу 10 најзагадени градови во светот при што околу 16 часот беше на осмо, а околу 17 часот на 9 место според степенот на загаденост.
Причината за намаленото загадување во првиот новогодишен ден може да се најде во значително намалениот сообраќај на градското подрачје во утринските часови.