Скопјанец (43) рано утринава е пронајден починат во паркот во Сарај

Во Спортско – рекреативниот центар Сарај кај Скопје рано утринава по полноќ, од страна на полицијата бил пронајден починат маж на возраст од 43 години, соопштија од МВР.

– Денеска (14.08.2024) околу 01.20 часот во Спортско – рекреативниот центар Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле починат И.Џ.(43) од Скопје, наведуваат од МВР.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.