Скопјанец превезувал 63 мигранти – приведен е од полицијата

На локалниот пат село Стојаково – Богданци, синоќа во 20.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Д.(41) од Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, при преглед во товарно возило „сканиа“ со светиниколски регистарски ознаки со полуприколка, кое го управувал, биле пронајдени 63 лица мигранти, од кои 55 мажи, шест жени и две малолетни лица.

По насоки од јавен обвинител, А.Д. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.