Скопјанецот кој им давал психотропни супстанци на четворицата малолетници во Козле доби 30-дневен притвор

Мерка притвор од 30 дена доби 40-годишниот скопјанец кој во скопско Козле им давал психотропни супстанци на четворицата малолетници кои беа пронајдени во неговата куќа во бессознание.

Против него Јавното обвинителство покрена истражна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против здравјето“, „производство и тргување со штетни лековити средства“ и „опасно изложување“.

Состојбата создадена по консумирање алкохол и лекови предизвикала губење на контролата кај малолетниците, при што ја искршиле покуќнината и добиле телесни повреди.

Состојбата на децата кои се лекуваат на Клиниката за токсикологија се подобрува, можно е утре да бидат пуштени дома.

За трите кривични дела поради кои е приведен 40-годишниот скопјанец ризикува затворска казна од 16 години.