Скопски економски и финансиски форум – говорник нобеловецот Пол Кругман

Министерството за финансии денеска и утре го организира Скопскиот економски и финансиски форум – „Одржување на растот во времиња на неизвесност и потоа“.

Главен говорник на форумот ќе биде добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман.

За предизвиците во постпандемискиот период и градењето на поотпорна економија, ќе говорат и премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на Светска банка за Европа Ана Бјерде, еврокомесарот Јоханес Хан, како и експерти и функционери од земјава и регионот.

Дебатата на СЕФФ ќе се фокусира на четири столба: „Макроекономски предизвици во турбулентни времиња“, „Отпорност, конкурентност и регионална соработка“, „Енергија, зелена транзиција и инфраструктура“, „После кризата – двигатели за одржлив раст“.