Скок на каматните стапки во САД, највисок од 1994 година

Во САД федерелните резерви ја зголемија краткорочната референтна каматна стапка за три четвртини  процент, во обид да го запрат растот на инфлацијата и прогнозираа побавна економија и зголемување на невработеноста во наредните месеци.

Тоа е најголемото зголемување на каматните стапки за американската централна банка од 1994 година, а одлуката е донесена откако неодамнешните податоци покажаа дека не е постигнат голем напредок во борбата против постојаната инфлација.

Претставниците на Централната банка навестија дека ќе ги зголемат каматните стапки уште побрзо, со што ќе ја усогласат монетарната политика со брзата промена во проценките на финансиските пазари за тоа што ќе биде потребно за да се стават цените под контрола.

Потрошувачките цени во САД се зголемени за седум отсто, највисоко ниво од 1982 година.

Во соопштението се наведува војната во Украина и политиката на карантин на Кина како извори на дополнителни инфлациски притисоци. Со тој потег, федералните краткорочни каматни стапки беа зголемени на 1,50 до 1,75 отсто. Надлежните предвидуваат дека каматните стапки ќе се зголемат на 3,4 и 3,8 отсто до крајот на годината во 2023 година.