
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со објави на видеа на социјалните мрежи, информираше за отворањето на новата патека во ски-центарот Михајлово.
„Еден месец скијање зад нас, сега и нова патека! Градоначалникот Јанчев вели дека Михајлово е подготвено и активно веќе еден месец, а бројни граѓани веќе уживаа на снегот и стазите.
Денес одиме чекор напред, комплетна зимска понуда со три уредени стази: малата стаза со теписон за најмладите, стазата „Македонија“ и за првпат новата стаза од 1.200 метри.
Свеж снег, вистинска зимска идила и услови за скијање и уживање за сите генерации“, напиша градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.