Скијачки натпревар „ДипломатСКИ“ во Маврово

Амбасадата на Словенија во Скопје, во соработка со Маврово Ресорт и Здружението на словенечки и македонски стопанственици, денеска го организираат скијачкиот натпревар „ДипломатСКИ“ во Маврово.

Амбасадата на Словенија во Скопје, во соработка со Маврово Ресорт и Здружението на словенечки и македонски стопанственици, денеска организираат скијачки натпревар „ДипломатСКИ“ во Маврово.

Како што соопштија од Амбасадата на Словенија, ова е прв настан од ваков вид во Северна Македонија, на кој ќе присуствуваат бројни амбасадори и дипломати, како и претставници на словенечки и македонски компании.

Настанот, се додава во соопштението, е одлична можност за сите учесници да се дружат на едно од најубавите туристички места во Северна Македонија преку натпревар во велеслалом.