
Ќе гласам само за разрешувањето на министерот за здравство, Беким Сали, но и ќе ја поддржам реконструкцијата на Владата, бидејќи јас сум дел од парламентарното мнозинство, изјави за „Слободен печат“ независниот пратеник Скендер Реџепи.
„Ако од мене зависи јас да бидам 61-от глас за разрешување на министрите од Алтернатива, освен за Беким Сали, јас нема да гласам тие да бидат разрешени. Ќе се сретнам со премиерот Димитар Ковачевски и ќе ги кажам забелешките и условите што ги имам. Откако ќе ги соопштам забелешките и условите ќе гласам за реконструкција на Владата, бидејќи јас сум дел од парламентарното мнозинство. Имам забелешка за предлогот за избор на еден министер, но тоа ќе го кажам од собраниската говорница“ – изјави Реџепи.
Тој не откри со кој од предлозите за министер од Алијанса за Албанците не се согласува.