Скелетот на Тираносаурусот рекс продаден за 5,55 милиони швајцарски франци

Скелетот на Тираносаурусот рекс, стар 67 милиони, вчера е продаден на аукција во Цирих на приватно лице за 5,55 милиони швајцарски франци, јави Би-Би-Си. Аукцијата првпат се одржува во Европа.

Скелетот е со димензии 11,6 метри долг и 3,9 метри висок. Многу научници изразија загриженост за зголемениот број на фосили од диносауруси кои завршуваат во приватни колекции.

Продадениот скелет е наречен „293 Trinity“ бидејќи е конструиран од три различни T. Рекс од американските локации во Монтана и Вајоминг а се состои од 293 коски од примероци земени помеѓу 2008 и 2013 година. Повеќето скелети од диносауруси кои се продаваат на аукција се делумно составени од гипс, но повеќе од половина од „293 Trinity “ се вистински коски, што е висок процент.

Професор Stiv Brusat, експерт за диносауруси на Универзитетот во Единбург, изјави за Би-Би-Си Њуз дека е загрижен што се повеќе диносауруси преминуваат во приватни раце. Повеќето музеи не можат да се натпреваруваат со длабоките џебови на олигарсите.

„Она што ме загрижува е што овие многу ретки скелети на диносауруси, кои се научно многу вредни и важни за образованието, исчезнуваат во трезорите на приватните колекционери“, рече Brusat.