Скандал на изборите: Во недела ќе гласаме и за починати лица

Изборниот процес во Скопје е сериозно компромитиран по откритието дека една политичка партија на својата советничка листа за Град Скопје кандидирало лице кое е починато уште во јануари 2024 година.

Изборниот процес во Скопје е сериозно компромитиран по откритието дека една политичка партија на својата советничка листа за Град Скопје кандидирало лице кое е починато уште во јануари 2024 година.

Според информациите, станува збор за кандидат со иницијали Б.Љ., родена во 1940 година, која, и покрај тоа што починала пред повеќе од една година и девет месеци, се уште фигурира како активен кандидат.

Овој случај отвора сериозни сомнежи за манипулација и злоупотреба на изборниот процес, бидејќи починатото лице се наоѓа и на избирачкиот список. Тоа го доведува во прашање интегритетот на изборите и отвора дилема колку уште вакви случаи има на листите на други партии и во избирачките списоци низ државата.

Правни експерти укажуваат дека ваквото постапување претставува кривично дело и бараат од институциите итна реакција и проверка на сите кандидатски листи пред изборите.

Граѓаните со право реагираат и прашуваат како е можно починати лица да останат дел од официјалните изборни документи, без никој да ја сноси одговорноста.