Попладнево се разгоре острата дебата на вонредната седница на Советот на Град Скопје , каде што треба да се донесе решение за платите на вработените во ЈСП и за нормално функционирање на градскиот превоз.
Наместо за ЈСП , од говорницата се слушнаа секакви навреди и осуди , па претседавачот на Советот, Трајко Славевски во еден момент ѝ го одзеде микрофонот на градоначлничката Данела Арсовска. Тој се пожали дека му бил исклучен системот со кој може да ги прекинува говорите на советниците.