Мундијалот стигна до четвртфиналето, Мароко како гордост на Африка успеа да се пласира меѓу осумте најдобри селекции на планетата, но другите две селекции фрлија дамка.
Имено, според информациите кои се појавија во јавноста, некои фудбалери од Камерун и Гана платиле да се најдат на списокот на патници за Катар. Менаџерите наводно си ги помешале прстите и го скроиле списокот на тие репрезентации, а овие сомнежи дополнително ќе се испитуваат во наредните денови.
За ситуацијата да биде уште поинтересна, се погрижи и селекторот на Камерун, Ригоберт Сонг, кој имаше проблем да ги запамети имињата на сите свои фудбалери. Дел од нив играат и во домашната лига, а можност да патуваат со репрезентацијата добија Жером Нгом Мбекели (24) и Суаибу Мара (22), кои имаат одиграно само по три натпревари во националниот тим.
„Одредени репрезентативци на Камерун и Гана платија за настап на Мундијалот. Некои од нив платија само за да бидат на селекторскиот список“ – откри познатиот новинар Роман Молина.
ANALYSE / Agents, mandats et mercato : tout est bon pour la Coupe du Monde !https://t.co/1dil39AS4e
Nouveau micro & caméra pour une vidéo spéciale micmac avec des intermédiaires, des présidents-agents et pas mal de joueurs qui ont changé de représentant ces jours…
Enjoy !
— Romain Molina (@Romain_Molina) December 7, 2022
Овие тврдења веднаш создадоа хаос на социјалните мрежи, а веќе почнаа шпекулациите за тоа кој би можело да биде сето тоа.
Фудбалерот на Челзи, Баб Рахман, беше ставен во центарот на вниманието од навивачите на Гана, кои во последен момент зазедоа место во тимот на местото на одличниот Џефри Шлуп, редовен во Кристал Палас.
На овој начин Рахман во соработка со менаџерите наводно сакал да си ја подигне цената пред следниот преоден рок.
И Камерун и Гана го завршија натпреварувањето во групната фаза на Светското првенство.
Камерунците беа трети, пред Србија и зад Бразил и Швајцарија, со четири освоени бода, додека Гана беше последна во својата група со три бода, зад Португалија, Јужна Кореја и Уругвај.