Скалони: Се уште не сме сфатиле што направивме, убаво е да се биде светски шампион

Аргентина е светски шампион, а Лионел Меси е најдобар играч на сите времиња. Така може да се сумира резултатот од финалето на Мундијалот во Катар, во кое Аргентина по подобро изведување на пенали ја победи Франција.

„Сè уште не разбирам што направивме, но убаво е да се биде светски шампион. Овој тим помина низ се и сешто. Горд сум, но помалку возбуден бидејќи чувствувам некакво олеснување. Ова е неверојатна група играчи Тие имаат огромна самодоверба. Ова е историски момент. Се надевам дека момчињата од цела Аргентина сега ќе сакаат да станат фудбалери и репрезентативци, да го освојат Светското првенство како овие момчиња“, изјави селекторот на Аргентина, Лионел Скалони.

„Не, нема да се пензионирам. Ќе го носам дресот на Аргентина како светски шампион“ порача Меси.

„Нашите противници покажаа голем квалитет и агресивност. Но, се вративме во игра и затоа уште повеќе жалиме за овој пораз. Беше емотивно, но на крајот сурово. Бевме многу блиску до освојување на уште едно злато. Нашиот сон не се оствари. Посакувам да не ме прашаш како беше судењето. Морам да внимавам што кажувам. Беше тоа што беше… можеше да суди полошо, но сигурно можеше да суди подобро. Пред финалето кажав дека Аргентина имала среќа. Нема да кажам ништо поинаку по овој натпревар. По натпреварот лично разговарав со судијата, но сега нема да навлегувам во детали“, изјави францускиот селектор Дидие Дешам, кој не сакаше да открие дали ќе продолжи да ја води репрезентацијата.

„Страдавме многу. Мислевме дека ја контролираме играта, но тие успеаја да се вратат. да го спасам со нога. Сега ги живеам моментите за кои сонував. Немам зборови. Победата ќе ја посветам на моето семејство“, изјави по натпреварот голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, кој ја освои Златната ракавица.

„Многу сме разочарани. Дадовме се од себе. Се соочивме со многу препреки. Се боревме до крај. Не се предадовме. Денеска бевме надвор од игра еден час. Се вративме и можевме да победиме, јас „Горд сум затоа што сум Французин. Имавме голема ментална сила затоа што се вративме во игра. Но, тоа не беше доволно за победа“, изјави францускиот дефанзивец Рафаел Варан.

„Ова е најдобриот фудбал што некогаш сум го видел“, напиша поранешниот англиски репрезентативец и капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил.

Џејми Карагер, пак, поранешниот капитен на Ливерпул, напиша дека за него Меси сега е најдобар играч на сите времиња, а по него се Марадона и Пеле.