Си Џинпинг: Не ја исклучуваме опцијата со сила да го решаваме тајванското прашање

Кинескиот народ тредба да одлучи за тајванското прашање и за идејата за обединување и остварување на идеалот за Една Кина.

Претседателот Си Џинпинг во говор на отворениот Конгрес на Комунистичката партија порача дека земјата сака овој проблем да се решава на мирен начин, но повторно не изостави да подвлече дека опција е и употреба на сила.

Кина го смета Тајван за своја територија и покрај силното противење на владата во Тај-пеј, која го отфрла кинескиот суверенитет и тврди дека само луѓето на островот имаат право да одлучуваат за својата судбина.