Си Џинпинг: Кина треба да ја зголеми модернизацијата на својот систем за национална безбедност

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека е неопходно земјата да ја забрза модернизацијата на својот национален безбедносен систем и воените капацитети, објавија денеска државните медиуми, во услови на обновен фокус на ризиците и заканите од внатрешната безбедност.

Си рече дека Кина треба да продолжи да гради систем за следење на националните безбедносни ризици и рано предупредување.

Како што јави Ројтерс, Си ова го изјавил на состанокот на Комисијата за национална безбедност со високите претставници на Кина, а исто така истакнал дека комплексноста на прашањата за национална безбедност со кои се соочува Кина значително се зголемила.