Си-Ен-Ен: САД добиле информации за можен ирански заговор за атентат врз Трамп

Во последните неколку недели, САД добија разузнавачки информации од неименуван извор за можен ирански заговор за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои информирани извори.

Според Си-Ен-Ен, нема индикации дека 20-годишниот кој се обиде да го убие Трамп во саботата бил поврзан со заговорот.