Сиљановска ќе присуствува на 80. годишнината од Аушвиц

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков.

Во рамките на комеморативниот настан се предвидени поздравни обраќања и сведоштва на преживеаните, по што ќе бидат прочитани молитви, запалени свеќи и оддадена почит на жртвите на холокаустот.

Во логорот Аушвиц, од страна на германските нацисти се убиени околу 1,1 милион луѓе, а во 1945 година од логорот се ослободени околу седум и пол илјади преживеани затвореници.

За време на престојот во Полска, претседателката ќе го посети Јагелонскиот универзитет во Краков и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде ќе оствари средба со полски македонисти и слависти.