Сиљановска до СДСМ: Станете повторно активен фактор и актер на македонската демократија

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, денеска изјави дека е важно опозициската СДСМ брзо да ги надмине внатрепартиските проблеми и повторно да стане силна опозиција, бидејќи тоа е од корист за демократијата и за државата.

„СДСМ има статут, има програма и други акти и внатрепартиски структури, постојат демократски начини на решавање на проблемите и мислам дека тоа е добро, прво за нив, но и за сите нас, бидејќи без силна опозиција не може да има демократија, да има парламент што ќе носи добри одлуки бидејќи тие се коректорот на власта. Посакувам час поскоро со помош на членството да ги надминат проблемите. Со вакви проблеми, многу партии се соочувале не само кај нас, туку и надвор. Мојата порака е дека оваа партија има долга историја, меморија, имала големи победи и успеси, и како и другите партии имала и кризи. Се надевам дека од кризата ќе излезат со нови решенија и ќе станат повторно активен фактор и актер на македонската демократија“, изјави Сиљановска-Давкова по посетата на училиштето „Партенија Зографски“ во Скопје.