Сиљановска Давкова: Сакам бескомпромисен борец за почитување на законите да е на највисоката позиција во обвинителскиот систем во државата

Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија и ќе претставува круна на целиот обвинителски систем е профилот на личност, кој денеска го изнесе претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарско прашање каква личност смета дека треба да биде на највисоката позиција во обвинителскиот систем во државата.

Сиљановска Давкова во однос на последната одлука на Владата за продолжување на постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и нејзино доставување до Собранието, напомена дека во државата има јасна поделба на власта и дека иако таа има професорски бекграунд, сепак во моментов настапува и изнесува став како како шеф на државата и оти за избор и разрешување на обвинител постојат јасни законски прописи.

– Каков профил на јавен обвинител сакам, сакам бескомпромисен борец за почитување на законите, бидејќи јавните обвинители се надлежни за гонење на сторителите на кривични дела, а колку се важни ќе ви кажам, во некои земји како во Британија јавниот обвинител, по функција е член на Владата во поширока смисла, некој кој ќе биде заколнат борец за владеење на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија, некој кој што ќе биде круна на целиот обвинителски систем, бидејќи ако нема промени во обвинителскиот систем нема да има ниту успешни судски реформи. Затоа јас се израдував многу кога министерот за правда, односно Владата целиот пакет закони, што ретко се случувало кај нас, го испрати на Венецијанската комисија, дури и присуствував дента, кога поминаа некои закони и добија мислење, рече претседателката.

Таа нагласи дека овие закони не одат на хармонизација, бидејќи нема директиви и регулативи за оваа материја, односно строгиот тест на Венецијанската комисија е доволен за да се најдат во постапка.

-Ја охрабрувам Владата и Министерството за правда да ги испрати законите во Собранието за навистина да создадеме прв нормативен исчекор кон поинаков начин на регрутирање и на судии и на луѓе во Судскиот совет, рече Сиљановска Давкова.