Сиљановска Давкова: Процесот Брдо-Бриони е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од регионот

Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска.

Со претседателите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони”, денеска во Драч ќе размениме мислења за најважните прашања поврзани со европската интеграција: Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, регионалната соработка и безбедност, објави на фејсбук претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

Процесот Брдо Бриони, како што посочува претседателката, е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од регионот, со намера да ги поттикне политичкиот дијалогот и партнерството на највисоко ниво и да ја зајакне меѓусебната доверба.

-Годинава, домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во ,,Процесот Брдо-Бриони” е претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Одржувањето на процесот е потврда за неопходноста од редовен дијалог заради навремено соочување со регионалните предизвици и решавање на отворените прашања, напиша во објавата Сиљановска Давкова.

Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска.

Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.