Сиљановска Давкова новогодишно помилува седум осудени лица

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на седум осудени лица, од кои едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.

Како што соопшти попладнево Кабинетот на претседателката, шестемина осудени лица се помилувани во траење од три месеци, а едно лице три месеци и четири дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор.