Претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова објави фотографија со првиот човек на САД, Џо Бајден и неговата сопруга.
„Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка.
Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави“ напиша на Фејсбук македонската Претседателка.
На фотографијата таа се држи за рака со американскиот претседател.