
Сиљановска Давкова: Крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување
Што е можно поскоро мора да станеме членки на ЕУ и тогаш постои можност да се европеизираме внатре, бидејќи демократија не се учи чекајќи пред вратата на ЕУ. Со тоа ги храбрите воините, а има многу воини во светот, па и во нашиот регион, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на самитот „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН, се наведува во денешното соопштение од нејзиниот кабинет.
Сиљановска Давкова во обраќањето рече дека она што се ОН за светот, ЕУ е за Европа, мултилатерален проект со една врвна цел: мир на континентот и нагласи дека тоа се постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхагенските критериуми: демократија, владеење на правото, човекови права и слободи, и пазарна економија. Додаде дека Европската Унија не може да го брани мултилатерализмот во светот ако го изневерува на својот континент. Според неа, проширувањето не е техничко прашање, туку тест за тоа дали ЕУ ќе го одбере патот на concordia или discordia, дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или Унија на двојни стандарди и контрадикции.
Претседателката посочи дека ние можеме да направиме сè што е потребно во економијата, реформите, но сепак, нашите преговори зависат од нашите соседи и констатираше дека за разлика од Скандинавија која ги поддржа балтичките земји за ЕУ, нашите соседи често користат вето при приемот на нови членки. Порача дека е крајно време да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување, што неодамна го потенцираше и претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен.
Темите на Самитот ja опфаќаат глобалната економија и трговија; демократијата, безбедноста и геополитичкиот ризик; енергијата и транзицијата; здравствените можности и предизвици; човековите права и социјалниот напредок, како и иновативната технологија. Овој настан претставува еден од најзначајните форуми каде што се собираат лидери од различни сектори: државници, бизнис елити, претставници на граѓанското општество и иноватори.