Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги разбира забелешките на венецот кој го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија без името на државата.
„Лентите не се големи, разговаравме во Кабинетот имавме и различни мислења, на пример јас имав мислење дека може да биде Р.С. Македонија на пример, бидејќи немаше инаку простор“, рече Сиљановска-Давкова.
Сепак, Кабинетот одлучил да стои само нејзиното име оти таа е на чело на делегацијата.
„Не мислам дека е тоа е не знам каков проблем, негирање на државата и Македонија, се знаеше која делегацијата и ние. Тоа решение ни се чинеше дека е најдоброто“, додаде Давкова.