Унгарија е последната пречка за натамошни регионални ескалации, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, на предизборниот состанок за европските избори во западна Унгарија и додаде дека „иако Европа се уште не е зафатена од огнот на војната, НАТО ја насочува целата своја енергија на уривање на последниот бастион на мирот“.
Сијарто им порача на своите поддржувачи дека на европските парламентарни избори на 9 јуни, Унгарија мора „да се одбрани од војната во Украина“, пренесува агенцијата МТИ.
Тој посочи дека некои луѓе отворено зборуваат за укинување на избирачките права на Унгарија во ЕУ, за да не може да ги блокира одлуките „кои би можеле да ја турнат Европа во третата светска војна“.