Сијарто: Се влошуваат условите за мир во Украина

Условите за мир во Украина од ден на ден ќе се влошуваат, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Погрешно е да се мисли дека во иднина ќе се подобрат околностите и условите за мир. Околностите и условите за мир ќе се влошуваат од ден на ден. Лесно е да се разбере зошто. Секој следен ден произведува сè повеќе мртви и се повеќе разочарување и повеќе уништувања“, истакна тој во интервју за ТАСС.

Сијарто смета дека е дојдено време да се реши конфликтот.

„Жалиме за сите изјави и за сите одлуки кои на некој начин ги оптоварија преговорите и сме среќни со сите одлуки кои помагаат преговорите да се одвиваат“, рече Сијарто.

Руските власти постојано изразија подготвеност да се вклучат во преговори со Украина за решавање на конфликтот, јави ТАСС.