
Сијарто: Новите американски царини кон ЕУ ја потврдуваат неспособноста на раководството во Брисел
Во изјава, Министерството за надворешни работи на Унгарија го цитираше Сијарто, кој на социјалните мрежи изјави дека потегот на САД е уште една потврда за комплетната неспособност на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и на самата ЕК, пренесе МТИ.
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, вчера соопшти дека новововедените, повисоки тарифи на САД за увоз од Европската Унија ја демонстрираат некомпетентноста на раководството во Брисел, и дека е неизбежен патриотски пресврт.
Американскиот претседател Доналд Трамп, претходно во текот на денот објави дека ЕУ ќе се соочи со данок од 30 проценти, почнувајќи од 1 август.
Во изјава, Министерството за надворешни работи на Унгарија го цитираше Сијарто, кој на социјалните мрежи изјави дека потегот на САД е уште една потврда за комплетната неспособност на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и на самата ЕК, пренесе МТИ.
„Оваа неспособност веќе предизвика многу штета и проблеми за Европа во последните неколку години, а сега имаме уште еден неуспех: Урсула фон дер Лајен и Европската комисија не успеаја да издејствуваат поволен трговски договор со американската администрација и повторно страдаат европската економија, европските компании и европските граѓани”, истакна Сијарто.
Тој тврдеше дека давачките на ЕУ кон САД требало веднаш да се редуцираат откако Доналд Трамп ја презеде функцијата.
„Урсула фон дер Лајен и Европската комисија тоа не го сторија, и ние, Европејците, повторно страдаме поради тоа”, рече тој и нагласи дека е време за реформи во Брисел и дека “патриотите конечно треба да ги заменат луѓето како Фон дер Лајен”.