Сијарто: Локалните избори и изборите за ЕП се клучни во борбата за заштита на суверенитетот на Унгарија

Претстојните локални избори во Унгарија и изборите за Европскиот парламент ќе бидат клучни фактори во борбата за заштита на националниот суверенитет, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Зборувајќи во градот Бекеш на југоистокот на земјата, Сијарто оцени дека Унгарија успеала да се заштити себеси и своите интереси во екот на бројните кризи во последните години, пренесува агенцијата МТИ.

Тој потсети на брзата кампања за вакцинација за време на пандемијата, на владината шема за промоција на инвестиции и на способноста на Унгарија да остане надвор од војната во Украина „и покрај огромниот притисок“.