Сијарто: Враќањето на Трамп во Белата куќа ќе обезбеди глобален мир и стабилност

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека новиот претседателски мандат на Доналд Трамп во Белата куќа ќе обезбеди воспоставување, како што рече, „нов светски поредок“ на глобален мир и стабилност.

Во интервју за американскиот портал Breitbart News, Сијарто оцени дека на светот му е потребен Трамп за да победи на претстојните претседателски избори во САД, бидејќи, како што наведе, „само силен американски лидер може да понуди стабилност и безбедност на меѓународниот поредок“.

Сијарто тврди дека војната во Украина не може да се реши на бојното поле и дека Трамп може да посредува за постигнување мир меѓу Москва и Киев.