Ситуацијата со пожарите кај централата Чернобил е под контрола
Вадим Денисенко – советникот на украинскиот министер за внатрешни работи рече дека состојбата со пожарите во неактивната зона на нуклеарната централа Чернобил е стабилизирана.
„Од различни страни пристигнуваат информации дека пожарот наводно се шири на 10 хектари. Ситуацијата со пожарите во Чернобил е стабилна и под контрола. Нивото на радијација во Киев и во регионот е нормално – рече Денисенко.
Тој додаде дека пред две недели навистина имало пожари, но дека се изгаснати и дека сега може да се каже дека нема големи пожари.
Украинското Министерство за заштита на животна средина и природни ресурси пријави пожари во шуми и напуштени села во близина на нуклеарната централа во Чернобил.