Сите 13 ранети во пукањето кај Младеновац се во животна опасност

Сите 13 ранети во оружениот напад кај Младеновац се во животна опасност, бидејќи кај таквите прострелни рани никогаш не можете да бидете сигурни што е оштетено, изјави српската министерска за здравство Даница Грујичиќ, пренесува „Н1“.

Таа истакна дека меѓу повредените, оперирани се 47-годишен маж кој е во стабилна состојба и 17-годишно девојче со две прострелни повреди и големо оштетување на внатрешните органи. Девојчето има заглавен куршум во левото око и ја очекува уште една хируршка интервенција.

Министерката додаде оти на друга 16-годишна девојка, отстранети и се бубрег, дванаестопалачно црево и дел од дебелото црево, нагласувајќи дека операцијата била херојска.

Осомничениот за масовното убиство кај Младеновац, дваесет и едногодишниот У.Б. бил уапсен во местото Грошница, обидувајќи се да побегне во Крагуевац.

Тој застрелал осум лица, а ранил 14, од кои две се во критична состојба.