Сите 12 полициски управи во Албанија добија нови директори

- На конкурсот учествуваа 43 кандидати, од нив четири ги повлекоа пријавите, а врз основа на проценка избрани се 12. Порачувам дека треба да бидат на ниво на нивната должност и тие и сите полициски службеници треба да сфатат дека е крај на неодговорни полициски раководители и сите вработени, порача Хоџа.

Во сите 12 окрузи во Албанија назначени се нови директори на Полициските управи. Министерот за внатрешни работи Ервин Хоџа попладнево ги објави нивните имиња, кои како што рече, се избрани врз основа на конкурентност.

– На конкурсот учествуваа 43 кандидати, од нив четири ги повлекоа пријавите, а врз основа на проценка избрани се 12. Порачувам дека треба да бидат на ниво на нивната должност и тие и сите полициски службеници треба да сфатат дека е крај на неодговорни полициски раководители и сите вработени, порача Хоџа.

Смените доаѓаат по зачестените криминални дела, посебно по вооружените инциденти, како тој деновиве во Скадар каде беа убиени четири лица, а синоќа беше извршен атентат врз градежен стопанственик.

За директор на Полициската управа во Тирана поставен е Елтон Алуши, кој има долгогодишно искуство во полицијата. Доаѓа од местото заменик – директор на Полициската управа во Валона.

Тој доаѓа на местото на Тонин Воцај, кој на ова функција беше во изминатите четири години.

Како што дообјасни министерот Хоџа сите избрани директори го поминале процесот на проверка- ветинг, како и други неопходни проценки.

Хоџа на чело на МВР дојде на крајот на јули, а на почетокот на октомври за нов генерален директор на албанската полиција го назначи Илир Прода.