Сите несреќи – малку одговорност, повеќе заташкување

Двете авионски несреќи на „Палер“ и „Авиоимпекс“ ставија белег на почетокот од државноста.

Двете авионски несреќи на „Палер“ и „Авиоимпекс“ ставија белег на почетокот од државноста.

Врз првиот претседател на самостојна Македонија, Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година беше извршен атентат. За среќа Глигоров го преживеа.

Потоа следува деценијата на нова неодговорност.

Владиниот авион Кингер полетa на 26.02.2004 од Скопскиот аеродром кон Мостар. Во авионот се наоѓаше и македонскиот претседател Борис Трајковски, заедно со уште осум членови. Сите загинаа.

Повеќе од 150 луѓе загинале во несреќи изминатава деценија. Заедничко за сите овие трагедии е немањето одговорност. Се сеќаваме сите, или барем постарите од нас, дека во 2009 година се случи бродска несреќа во Охрид, во која животот го загубија 15 бугарски туристи.

Невремето во 2016. година и поројниот дожд во скопските села Стајковци и Сингелиќ ги однесе животите на 22 луѓе.

45 луѓе загинаат кога автобусот на „Беса транс“ кој немал лиценца се запали кај бугарскиот град Перник, враќајќи се од летување од Турција.

Автобус на „Дурмо турс“ со 51 патник на релација Скопје – Гостивар излета од патот кај скопското село Ласкарци 2019 година, тогаш загинаа 16 патници.

Во модуларната болница во Тетово, во 2021 година во страотен пожар, животот го загубија 14 луѓе, а десетина лица беа повредени.

На 16 март згасна животот на 59 млади во дискотеката во Кочани.