Системот „Ѓавато“ не работи, Дојранското Езеро е драматично повлечено

Дојранското Езеро, едно од нашите најзначајни природни богатства, заштитено подрачје и туристичко место, е под сериозна и реална закана поради катастрофалната негрижа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ , изјави на прес-конференцијата Љупчо Стојановски од СДСМ.

Дојранското Езеро, едно од нашите најзначајни природни богатства, заштитено подрачје и туристичко место, е под сериозна и реална закана поради катастрофалната негрижа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ , изјави на прес-конференцијата Љупчо Стојановски од СДСМ.

Според него состојбата е алармантната бидејќи хидросистемот Ѓавато речиси четири месеци не работи и водата не тече низ каналот, иако системот е изграден за да го одржува водостојот на езерото и да спречи негова деградација.

„Пумпите кај Богданци се исклучени, делови од системот се уништени, цевководот е во распаѓање, а коритото е целосно неодржувано. Иако, Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено да обезбеди финансиски средства во буџетот за 2025 година за реконструкција на хидросистемот, негово ставање во функција за да се обезбеди дотур на вода во Дојранско Езеро. Од ноември 2024 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја лаже јавноста дека ќе го санира системот. Досега – ништо. Не е направен ниту еден конкретен чекор. Последиците веќе се видливи:

Хидросистемот Ѓавато не функционира. Дојранското Езеро нема дотек на вода. Нивото на езерото е под дозволениот минимум. Биодиверзитетот е загрозен. Туризмот трпи штети. Егзистенцијата на стотици семејства е доведена во прашање“, порача тој.

Стојановски исто така забележа дека премиерот Мицкоски, наместо да побара одговорност и да понуди решенија, влезе во јавен конфликт со новинарка која го постави легитимното прашање за состојбата со хидросистемот.

„Кого бранеше Мицкоски, дали својот коалициски партнер? Што прави ЗНАМ, ова ли е нивната грижа? Каде е коректорот? Или само бизнисот во Куманово го интересира? Ова не е прашање на политички односи туку на животната средна. Затоа СДСМ бара итна и реакција од институции, пред се министерството за животна средни:

-Да се санира веднаш и да се пушти во функција системот Ѓавато.

-Да се воспостави редовен мониторинг за нивото на водата и јавноста да биде навремено информирана.

Секој следен ден неактивност е директен удар врз животната средина, врз граѓаните и врз иднината на регионот.Не смее да се дозволи Дојранско езеро да стане жртва на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ , порача тој од прес – конференцијата.