
Сирски: Се спроведува нов руски напад врз Костјантинивка, клучен град на источниот фронт на Украина
Украинските сили со месеци го бранат градот од жестоки напади, додека регионалниот гувернер ги повика преостанатите жители оваа недела да се евакуираат поради распаѓачката инфраструктура.
Портпаролот на украинските сили на исток од земјата, Виктор Трехубов за Укринформ изјави дека Костјантинивка и градот Покровск на запад се „главните арени на битките и стратешките амбиции на Кремљ“.
Врховниот командант на вооружените сили на Украина вчера изјави дека неговите сили се соочуваат со нов напад врз клучен град на источниот фронт во војната против Русија, додека Москва тврдеше дека напредува во друга област подалеку на југозапад. По почетниот неуспешен обид да се освои Киев во првите недели од инвазијата во февруари 2022 година, руската војска се фокусираше на освојување на целиот регион Донецк во источна Украина. Градот Костјантинивка е еден од главните цели.
Украинските сили со месеци го бранат градот од жестоки напади, додека регионалниот гувернер ги повика преостанатите жители оваа недела да се евакуираат поради распаѓачката инфраструктура.
Врховниот украински командант Олександр Сирски вчера напиша на Телеграм дека областа Костјантинивка е под жестоки напади.
„Непријателот напредува кон Костјантинивка, но освен бројните загуби, тие не постигнаа ништо“, напиша Сирски, додавајќи дека „агресорот се обидува да ја пробие одбраната и да напредува по трите оперативни сектори“.
Портпаролот на украинските сили на истокот, Виктор Трехубов, за Укринформ изјави дека Костјантинивка и градот Покровск на запад се „главните арени на битките и стратешките амбиции на Кремљ“.
Сирски, исто така, рече дека минатата недела украинските сили одбиле тежок напад во близина на селото Јаблуновка во североисточниот Сумски регион, каде што руските сили се обиделе да воспостават тампон зона во рамките на украинските граници.
Руското Министерство за одбрана, во извештаите претходно во текот на денот, соопшти дека московските сили го освоиле селото Червона Зирка, подалеку на југозапад, во близина на административната граница на регионот Дњепропетровск.
Бавното напредување на Русија низ источна Украина, кое од ден на ден зазема голем број села, резултираше со уништување на големи градови и инфраструктура. Москва инсистира дека патот до решавање на 40-месечниот конфликт зависи од тоа дали Украина ќе ја признае руската контрола врз четири украински региони: Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон.
Руските сили контролираат околу една петтина од територијата на Украина, иако не зазеле целосно ниту еден од тие четири региони.
Москва во последните недели тврдеше дека нејзината армија напредувала во областите долж регионот Дњепропетровск, кој се граничи со регионите Донецк и Запорожје.
Украинските власти ги негираа овие тврдења.